Имињата на сомнителни компании кои пројавуваат интерес на голема врата да влезат на македонскиот пазар повторно го отвораат прашањето дали Македонија е „плодна почва“ за ваквите фирми, смета професорот Узунов чиј став го пренесува Телма. Најдобар доказ за тоа се случаите со пропаднатата млекарница Сведмилк и со нереализираните мегаломански ветувања на иднискиот бизнисмен Субрата Рој, кои и нанесоа штета на домашната економија.
Според професорот Ванчо Узунов, главната одговорност ја имаат надлежните институции во чии раце се сите законски инструменти да го спречат влезот на сомнителни компании.
