Узунов: Патот кон ЕУ води преку Балканот

од Берта Китинска
579 прегледи

Ниедна земја од регионот не може да го рипне соседството и да влез во ЕУ, туку единствено преку Балканот можеме да влеземе во ЕУ, вели професорот Ванчо Узунов во емисијата Еуро фокус на Телма.

-Потребно е да се направат реформи во земјите во регионот кои најбргу ќе им донесат пораст на БДП отворање на нови работни места,економски развој со меѓусебната соработка. На овој начин би имале повеќе ефект отколку со процесот на интеграција бидејќи европскиот е силен пазар за нас.Овој регионален пазар не е замена за него, туку велиме дека патот кон ЕУ води преку Балканот. Ниедна земја од регионот не може да го рипне соседството и да влез во ЕУ, туку единствено преку Балканот можеме да влеземе во ЕУ.Но, оваа теза малку потешко ја прифаќаме . Најголема бариера за оваа теза се политичките разликувања или инаетење, законските регулативи и структурните промени.Мораме регионално да соработувам за да влеземе во ЕУ, вели Узунов.

Слични содржини