Узунов: Во секоја криза имало профитерство – и Владата и пекарите се во право до пола

од Nikola Popovski
187 прегледи

Во неизвесност, лов во матно е можноста кога некој ја искористува премногу да ги покачи цените на производите, вели професорот Ванчо Узунов за поскапените производи и замрзнатата цена на лебот.

Според него, кризата е реалност веќе три години.

-Во право се и двете страни на некој начин до пола. Оваа криза е поради неизвесност. Човек и економија не функционира добро во неизвесност. Во неизвесност цените имаат тенденција да растат затоа што сите трговци и производители сакаат да си ги покачат цените, па ќе видиме што ќе биде. Секаде е така и има таква еуфорија заради таа несредена ситуација, порачува Узунов.

Тој истакнува дека воени профитери и кризни профитери имало во минатото, а ќе има и во иднина.

-Во секоја криза имало профитерство, но прашање е дали ќе биде многу видливо и дали ќе се излезе на крај со него. Многумина губат, но неколкумина добиваат, рече професорот во емисијата „Студио 10“.

Слични содржини