Узунов: Зборот штедете јас не го слушнав во оваа енергетска криза

од Берта Китинска
345 прегледи

Првата работа за која што јас се чудам со енергетската криза, со енергијата, е што зборот штедете јас не го слушнав. Штедете, како капања и порака и до бизнисот и до граѓаните. И бидејќи цената не се покачи премногу, а тоа е повторно поради помошта што ја дава Владата, не гледам дека луѓето мислат дека треба да штедат, вели проф. Ванчо Узунов.

Toj посочува дека дел од граѓаните не размилсуваат дека треба да се штеди.

-Во разговр со граѓаните им велам ако имаш куќа не мора да ја грееш цела греј го само долниот спрат, ти ми одговараат: „Уф зошто, до таму ли е“, до таму е веќе со месеци , а ние се прашуваме зошто.Ние треба да научиме дека сме сиромашна држава со енергија, вели Узунов.

Слични содржини