В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија

од Илинка Илиоска
651 прегледи

Бугарија в недела повторно гласа за нов парламент, каде очекуваат веројатно враќање на поранешниот премиер Бојко Борисов на раководството и пад на силите на промените.

Принуден да се повлече во 2021 година по бранот антикорупциски демонстрации, политичкиот ветеран Бојко Борисов е фаворит на овие шести избори во последните три години во Бугарија,  најсиромашната земја во Европската унија.

Анкетите и даваат на неговата конзервативна партија Герб околу 25 отсто од гласовите, што е десет отсто повеќе од реформаторите на коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ЦК/БД). Таа коалиција не успеа да го задржи моментумот што привремено ја донесе на власт во 2022 година, пренесе Бета.

Тие два табора ги оставија настрана нивните разлики во јуни 2023 година. Тие формираа прозападна влада соочени со војната во Украина и го блокираа патот на привремените кабинети поставени од претседателот Румен Радев.

Сепак, таа кревка заедница меѓу Герб и реформаторите траеше само девет месеци, бидејќи земјата се врати во политички хаос.
Има една партија што би можела да има корист од таквата ситуација. Тоа е партијата на турското малцинство МДЛ (со околу 15 проценти од гласовите според анкетите), предводена од пратеникот Делјан Пеевски. Сепак, Пеевски е поранешен медиумски магнат на листата за санкции на САД и Велика Британија за корупција, наведува Бета.

Борисов рече дека повеќе не се кандидира за премиер, но вети дека ќе се обиде да состави коалиција за да стави крај на нестабилноста. Пеевски, пак, е подготвен да учествува во владата.

Критичарите сметаат дека двајцата, кои со години се премолчено поврзани, сакаат да го „зачуваат статус квото“, особено на ниво на судството и разузнавачките служби, поради страв дека новите власти ќе истражат некои афери и ќе ја откријат нивната можна поврзаност.

Во случај на неуспех, наесен би можело да се организираат нови избори, што според аналитичарите е многу веројатно сценарио.
Кампањата за овие избори се одржа истовремено со кампањата за изборите за ЕП

Слични содржини