Затворениците од сите затвори во Македонија од среда ќе штрајкуваат. Според организаторите кои настанот го најавија и на Фејсбук групата „Организација на затвореници“ штрајкот ќе одвива од 14 до 18 часот. Причината за нивната револтираност е како што велат, помилувањето на педофили, силувачи и убијци од страна на претседателот Иванов, додека во затвор се уште лежат невини луѓе или такви кои не направиле кривични дела-информира Канал77.
Затворениците ќе штрајкуваат во самите затвори ширум земјава, а нивните семејства надвор ќе постават шатори, каде ќе се стационираат се’ додека не бидат исполнети нивните барања.
Најавата за штрајкот доаѓа непосредно откако претседателот, Ѓорѓе Иванов даде помилување на 174 осудени лица. Од нив 54 потполно, а 120 делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.
-Според изјавите на затворениците, меѓу помилуваните имало педофили, силувачи и убијци – вели за Канал 77 граѓанската активистка, Мери Николова:
Од функција на функција-Горан Трајковски избран за директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци
„Пред се’, штрајкот е и поради нечовечките услови во затворите. Ние бараме да се донесе Закон за амнестија по итна постапка. Пратениците од мнозинството не дадоа можност за дискусија и амандмани на предложениот Закон од наша страна, со цел да се подобри истиот за кој бевме спремни да прифатиме компромиси – на пример, за скалеста аменстија, целосен или делумен отпуст. Од една страна Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ, претседател на матичната комисија во Собранието на Република Македонија сто пати повторуваше дека со нашиот Предлог – закон би се ослободиле педофили, силувачи, убијци и слично, а од друга страна пак, според тоа што го кажа пратеникот Трајанов, неговата партија ВМРО ДПМНЕ спремала списоци за претседателот којшто помилуваше, како што тврдат затворениците педофили, силувачи убијци и тн. Ние бараме правда за сите осуденици, особено за оние кои не се сторители на кривични дела, меѓу кои: Љубе Бошковски, А1 Велија Рамковски, Смилковско Езеро каде се осудени лица на доживотна казна, Детонатор, Шпион, Керозин и тн“.
Повеќе ТУКА
