330
МВР информира дека 50-годишна жена од Македонска Каменица неовластено користела банкарска картичка и извадила пари од банкомат.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.З.(50) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 31.08.2021 и 01.09.2021, пријавената неовластено искористила податоци од дебитна банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и извадила пари од банкомат, со што предизвикала материјална штета во износ од 13.000 денари.