Вечерва се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника „Нептун“ лоцирана во Градски парк кај стадионот „Тоше Проески“. Грабежот се случил во 20:30 часот, кога двајца маскирани лица со пиштоли влегле во продавницата и им рекле на вработените „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“.
За кратко на локацијата пристигнале припадници на интервентната полиција и ги фатиле двете лица.
„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата за грабежот