„Вагнер“ гради шаторски град за своите платеници на 25 километри од украинската граница?

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Руската група „Вагнер“ наводно гради шаторски град за сместување на околу илјада платеници на аеродромот Зјабровка, на помалку од 25 километри од украинската граница.

Ваквите тврдења доаѓаат од Украинскиот центар за национален отпор, кој тврди дека кампот ќе се користи за „субверзивни активности“ во регионот Чернихив, област која се уште е под контрола на Украина.

Институтот за проучување на војната наведе дека „Вагнер“ извршил воена обука во близина на Брест, еден од најголемите градови во Белорусија, на еден километар од полската граница.

Слични содржини