Откако беше потврдено дека шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин е на списокот на патници на авионот што се урна во близина на Москва, во кој загинаа сите патници, на социјалните мрежи се огласија членовите на неговата група.
Во видеото кое се појави тие најавуваат одмазда за смртта на Пригожин.
„Многумина зборуваат за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Очекувајте нè“, истакна тој во нашироко споделеното видео.
"Many discussions of what Wagner will do in this situation. We'll say one thing – we're starting off. Expect us!" – reported announcement of Wagner PMC. pic.twitter.com/pzfB5ZO2CT
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 23, 2023
За потсетување, министерството за вонредни состојби на Русија во средата вечерта соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Лидерот на руската платеничка армија „Вагнер“ Евгениј Пригожин и нејзиниот командант Дмитриј Уткин биле на списокот на патници.
„Росавијација“ ги објави имињата на сите патници во авионот. Тоа се Евгениј Пригожин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов, Дмитриј Уткин, Николај Матусеев, пренесува „Известија“. Меѓу членовите на екипажот се Алексеј Левшин, командант, Рустам Каримов, копилот и Кристина Распопова, стјуардеса.