Вагнер се повлекува од Украина?

од Stefanija Kuzmanovska
430 прегледи

Водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој и понатаму е во расправија со руското министерство за одбрана, рече дека неговите платеници можеби нема да останат во Украина.

Вака тој одговори на прашањето каде понатаму ќе се бори групата.

„Не сум сигурен дека ќе останеме во Украина – рече лидерот на „Вагнер“, чии војници неодамна го окупираа Бахмут во име на Русија по најдолгата и најсмртоносната битка во војната. Треба да се напомене дека Пригожин често користи сарказам или иронија во своите изјави.

Тој ја коментираше украинската армија.

„Секоја офанзива и нејзините резултати мора да се оценуваат откако ќе се исцрпи офанзивниот потенцијал на непријателот. Како што разбирам, офанзивниот потенцијал на Украина е далеку, далеку од исцрпен. Ќе трае месец и пол до два месеца и потоа ќе треба да одлучиме дали ја постигнале целта или не“, рече тој.

Слични содржини