Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц поднел амандман на својот последен извештај, со кој бара објаснување и разјаснување на сите двосмислености околу вториот Протокол кон Договорот за добрососедство и пријателско со Бугарија кој е дел од Преговарачката рамка на ЕУ и го поврзува напредокот на земјава со вклучувањето на Бугарите во Уставот.
Во амандманот 108, Вајц, во име на Групата на Зелените, предлага текстот на идната резолуција да вклучи дека Европскиот парламент „ја повикува правната служба на Советот итно да ги разјасни сите двосмислености во врска со правниот статус на вториот билатерален протокол кон Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји во однос на процесот на пристапување“.
Ова следува откако бугарските европратеници, во амандманите кои ги доставија на нацрт-извештајот, освен уставните измени и Протоколот го посочуваат како обврска за земјава за старт на преговорите.
Протоколот е дел од Преговорачката рамка. Во него експлицитно се наведува дека следната меѓувладина конференција, која ја заклучува почетната фаза на преговорите, ќе се одржи дури откако Македонија ќе ги вклучи Бугарите во својот устав. Протоколот беше усвоен во рамките на Вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија согласно член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, одржан во Софија на 17 јули 2022 година.
Бугарските европратеници со 100 поднесени амандмани од вкупно 400, бараат и одржувања на трета меѓувладина конференција меѓу Скопје и Софија за спроведување на Договорот за добрососедство и Протоколот, Историската комисија да постигне јасни и мерливи резултати при и се даваат и насоки кави треба да бидат тие, а за Акцискиот план за малцинствата наведуваат дека според претставниците на одредени заедници во земјата, тој не гарантира доволно ефикасна заштита од дискриминација и насилство, не обезбедува функционални механизми за борба против говорот на омраза.