Вајгл: Мaкедонија е можно сега да го реши спорот за името

од Vladimir Zorba
104 прегледи

„Сé што следуваше по Дејтон беше цементирање на етничкото чистење на БиХ во кое нема перспектива и поради кое договорот треба да се доизгради и да биде прифатливо за сите“, рекол Вајгл.

Тој смета дека промените и новиот договор не може да се наметнуваат од надвор затоа што ако Република Српска нешто не сака да усвои не смее да биде одбележана како главен виновник за заострување на односите во БиХ.

Според Вајгл, единствената перспектива за државите од Балканот е приклучувањето кон ЕУ. Тој нагласува дека во Македонија работите одат во добар правец и дека земјата ќе исплива од политичките конфронтации што ќе ја отвори можноста за почеток на преговорите со ЕУ.

„Во овие рамки би можеле да добиеме и решение за прашањето за името на македонската држава“, посочува Вајгл./ Стандард