Вајналдум: Манчестер Јунајтед е многу посамоуверен со Солскјер

од Vlatko K
108 прегледи

Играчите на Манчестер Јунајтед се многу посамоуверени со Оле Гунар Солскјер отколку што беа кај
претходниот менаџер на тимот – Жозе Мурињо. Ова мислење го изрази халфот на Ливерпул,
Жоржињо Вајналдум пред судирот помеѓу двата тима на „Олд Трафорд“ во недела.


Во декември Ливерпул гопобеди големиот ривал со 3:1 на „Енфилд“, а по средбата, Мурињо беше
отпуштен и заменет од Солскјер. Под раководство на Норвежанецот, Јунајтед има само еден пораз
во сите натпреварувања, а на домашна сцена само Барнли успеа да извлече бод од „црвените
ѓаволи“.

„Мислам дека во нив има навистина голема промена во однос на декември. Од доаѓањето на
новиот менаџер се забележува промена, тие играат навистина добро и освоија доста натпревари,
што им дава самодоверба“, рече Вајналдум на адреса на Манчестер Јунајтед.
„Покрај тоа, тие ќе бидат домаќини, што ќе им помогне да се чувствуваат посигурно и да ги немаат
проблемите од порано. Ни претстои тежок натпревар, но јас го очекувам со интерес“, рече уште
Вајналдум.

Ако не загуби на „Олд Трафорд“, Ливерпул ќе се врати на првата позиција на табелата во Премиер
лигата, надминувајќи го актуелниот лидер Манчестер Сити. Двата тима имаат ист број на поени, но
„граѓаните“ се со подобра гол разлика и натпревар повеќе.