Вака изгледа еден ден на плејбој зајчиците Еве што се мораа да работат и колку заработуваа

од desk3

 

“Зајчиците” се заштитен знак на Плејбој, уште од отворањето на клубот во 1960 година. За 26 години оворени се повеќе од 40 клубови, како и неколку казина во Англија и на Бахамите.

За да станете “зајчицa”, девојките морале да поминат на аудиција. Од самиот почеток до денес правилата не се многу променети. Идејата девојките да се ословуваат како “зајчици” , Хефнер ја добил по сеќавање на ресторанот во кој како студен често вечерал.

Девојките морале да почитуваат строги правила. Би биле отпуштени доколку би започнале врска со некој од колегите или од гостите. “Maмa зајчица” била задолжена за контрола на девојката во клубовите и била нешто како менаџер. Девојките на сите во клубот морале да им се обраќаат на срдечен и забавен начин.

Некои од најважните правила се однесувале на изгледот на зајчицата. Косатимите морале да се носат гордо и убаво. Карминот за уста морал да биде со јарки боји за да не изглоеда бледо и испрано. Периките биле пожелни, чорапите се чувале во фрижидер после носењето, ноктите морале да бидат налакирани, а накитот бил строго забранет и девојките морале да носат само манжетни кои оделе со костумот.

Работата барала од девојките да одат во високи штикли со часови. Имале различни начини како да се борат со болката, дури си ги масирале стапалата тркалајки шише кока кола.  Многу заработувале повеќе работејќи додатни смени, приватни журки или му помагале на менаџментот. Во исто време можеле да бидат казнети ако шкафчето им е неуредно, ако доцнат или не го одржуваат своето пуфнасто опавче. Една од девојките открила дека морале да бидат на работа еден час порано за да можат сами да се нашминкат и да се средат и таа прекувремена работа не им била платена.

Новинарката Глорија Стејнем одлучила да се вработи како зајчица и да биде на тајна задача. Откирла дека девојките се соочуваат со некои проблематични услови во работата и дека не е се онака како што Хју Хефнер зборува.

Денес терминот “зајчица” се користи најмногу за да се опише некоја од Хефнеровите девојки. Тие неделно добивале плата од 1.000 долари, операција за зголемување на градите, соба во Плејбој палатата и бесплатно средување на косата.

 

Ниту една од неговите деvојкi нема да наследи ништо по неговата смрт. Дури и неговата жена ќе добие само средства со кој ќе може да се издржува и ништо повеќе, бидејќи тоа биле една од клаузулите во предбрачниот договор кој го потпишале.

Слични содржини