Вака изгледа луксузното француско село на Џони Деп: Актерот го продава луксузниот комплекс (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудската ѕвезда Џони Деп со години инвестираше во својата оаза во Франција, а потоа со години се обидуваше да најде нов сопственик на луксузниот комплекс.

Во 2001 година Џони Деп купи село во Франција, во кое вложи многу труд и пари, со цел да создаде цел комплекс погоден за различни видови уживање.

Селото на познатиот актер се наоѓа во Прованса, во Ле План Де Ла Тур, а содржи бистро, винска пештера, базен и скејт парк, како и неколку куќи. Во селото има вкупно шест куќи за гости и една главна резиденција која има 14 спални соби и 15 бањи.

Откако Деп го купи селото во 2001 година, тој со години го реновираше за да го направи овој простор по негов вкус.

Сепак, тој сепак одлучи да го продаде луксузното одморалиште во Прованса.

Џони Деп го стави селото на продажба во 2015 година, а цената беше 55 милиони долари, потоа ја зголеми цената, па селото повторно беше на продажба за 68 милиони долари.

Бидејќи никој не бил заинтересиран да го купи ова село во Франција, Деп бил принуден повторно да ја намали цената.

Слични содржини