Новиот фаблет на Samsung – Galaxy Note10, кој корејската компанија ќе го претстави на крајот на
летото, ќе им понуди на корисниците модифицирана камера.

Меѓутоа, со постојаното зголемување на бројот на сензори, нивното позиционирање станува се
потешко да се совпадне со естетиката.
Во интернет просторот се појави рендер, кој покажува како веројатно ќе бидат распоредени
одделните објективи кај Note 10, кој се базира на протечена скица на уредот. Генерално, камерата
треба да биде со исти параметри, како таа во Galaxy S10 5G.
Очигледно, сликата е во голема мера шпекулативна. Оригиналната скица ја покажува локацијата на
сензорите, но не и блицот, кој во случајов се базира на перцепцијата на авторот, наместо на
Samsung.
Другата работа што импресионира на рендерот е недостатокот на сензор за пулс. Според разни
информации, корејската компанија веројатно ќе се откаже од него поради преуредувањето на
задниот панел.
Овој потег веќе е преземен со Galaxy S10 5G и нема да биде премногу изненадување ако овој тренд
остане и во Note10.