Вака ќе знаете ДАЛИ некој е ДОБАР во КРЕВЕТ: Хемијата е важна на почетокот, но не е пресудна за врската

од Vladimir Zorba
475 прегледи

Она што некого го дефинира како добар љубовник е повеќе прашање на вкус и што преферирате кога е сексот во прашање. На крајот на краиштата, хемијата е она што е многу поважна за врската да биде што подобра.

Најчесто тоа нема врска со сексот, туку со самиот пристап и карактер на личноста. За да бидат добри во креветот, мора да се сретнат двајца луѓе кои формираат една целина кога станува збор за ова.

Меѓу другото, за да се подобри врската со текот на времето, мора да бидат присутни и некои други фактори кои влијаат на квалитетот:

* Подготвени сте секогаш да учите и да применувате ново знаење.
* Разиграни сте и страсни.
* Со вас вашиот партнер се чувствува пожелно.
* Вие сте самоуверени и не се плашите да бидете повредени.
* Имате авантуристички дух и подготвеност за експериментирање.
* Зборувате за вашите потреби и подготвени сте да ја слушнете и другата страна.
* Имате време и не избрзувате со сексот.
* Уживате да давате задоволство колку и да го добивате.
* Поддржувате и не осудувате.
* Вие сте целосно присутни во тие моменти.

Техниката, добрата хигиена, карактерот и хемијата меѓу двајца се едни од поважните фактори, но сексуалната интимност која го прави сексот фантастичен е многу повеќе од тоа.

Таа расте и се размножува со добро, споделено искуство, разговор и работа на врската.

Слични содржини