„Вака не може, некои играчи не го направија тоа што требаше“: Де Бруин лут по поразот од Франција

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Капитенот на белгиската фудбалска репрезентација Кевин де Бруин изјави дека е разочаран од настапот на неговиот тим на натпреварот против Франција во второто коло од групата А2 на Лигата на нации, пренесуваат белгиските медиуми.

Фудбалерите на Белгија беа поразени во понеделникот вечерта во Лион од селекцијата на Франција со резултат 2:0, а тоа силно го налути искусниот првотимец на Манчестер Сити, кој одигра 107 натпревари за националниот тим и постигна 30 голови.

„Франција беше подобра, нема што да се додаде. Игравме со шест играчи во одбраната. Моравме да играме подобро во второто полувреме. Некои играчи не го направија тоа што им беше задача. Реков во соблекувалната што треба да поправиме. Мораме да играме на највисоко ниво“, рече Бруин и додаде:

„Ако не можете да играте против најдобрите, тогаш не сте доволно добри. Мора да го дадете најдоброто од себе на теренот, а некои играчи не го направиле тоа. Можам да прифатам дека не сме толку добри како Французите. Но, другите работи се неприфатливи.Можам да прифатам и дека не сме толку добри како во 2018 година. Сега нема да плачам. Имам 33 години и повеќе не го правам тоа“.

Фудбалската репрезентација на Белгија е на третото место на табелата од групата А2 ЛН со три бода, а во следното коло гостува кај Италија.

Слични содржини