„ВАКА ПУТИН САКА ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА“: Масовен руски ракетен напад врз Киев

од Nikola Popovski
145 прегледи

Во раните утрински часови руски ракетен напад врз Киев уби најмалку еден цивил, ранети тројца и предизвикани неколку пожари низ градот, соопштија украинските власти, пренесува Ројтерс.

„Русија изврши ракетен напад врз Киев и регионот на Киев“, објави Андриј Јермак, началник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.

„Вака (Владимир) Путин сака војната да заврши“, додаде тој.

Шансите за продолжување на мировните преговори за ставање крај на војната што Русија ја започна против Украина пред речиси три години се зголемија откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил во контакт со Киев и Путин.

Украинскиот претседател, исто така, во вторникот порача дека Киев наскоро ќе разговара со американски претставници.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека во нападот утринава најмалку едно лице загинало, а три се повредени, меѓу кои и деветгодишно дете, а итната служба била повикана во најмалку четири области на главниот град на Украина.

Тамошната воена управа соопшти дека избувнал пожар во повеќе станбени и нестанбени објекти.

Предупредувањето за воздушен напад беше издадено само на почетокот на нападот, неколку часа по полноќ. Не е јасно кои проектили се користени, но доцното лансирање на предупредувањето за воздушен напад сугерира дека биле тешки за откривање на радарите.

Очевидци за Ројтерс навеле дека слушнале серија експлозии кои звучеле како да функционираат системи за противвоздушна одбрана.

Слични содржини