Според Сем Вакнин, израелски аналитичар и поранешен советник во Владата во времето на владењеето на екс-премиерот Никола Груевски, Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја саботира евентуалната меѓународна преодна власт во Газа (ГИТА) во Појасот Газа токму затоа што јасно ги поставува темелите за решение со две држави.
Тој во разговор за „Локално“ истакна дека планот на Тони Блер, чие се споменува како можен предводник на меѓународна преодна власт во Појасот Газа доколку се постигне договор за прекин на огнот, би можел да се смета од некои не како неповратен пат кон државност, туку како поинаква, побенигна окупација од онаа што ја нуди Израел.
-Јас целосно не се согласувам. ГИТА е временски ограничена, нејзината надлежност е добро дефинирана и ќе работи рака под рака со новоформираната палестинска влада, ПЕА. ГИТА е експлицитно поставена да ѝ помогне на Палестинската самоуправа да се реформира и да ја преземе Газа во рок од 5 години, додава соговорникот.