Вакциналните пунктови ќе работат во две смени од понеделник до петок

од Nikola Popovski

Од утре започнува имунизацијата во Македонија со вакцините на ,,АстраЗнека“, а според информациите на Министерството за здравство, 20.000 граѓани постари од 75 години ќе се вакцинираат како приоритетни.

„Националниот систем „Мој термин“ од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на гараѓни што се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б од Националната стратегија за ковид-имунизација. Вакцинацијата ќе се одвива на постојните вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите во државата“, велат од МЗ.

Според нив, вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно.

„До крајот на оваа и за следната недела на територијата на целата држава пуштени се 9.577 термини, а досега закажани се 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77-годишна возраст. Од утре ќе почне вакцинацијата во Скопје, односно во поликлиниките „Јане Сандански“, „Чаир“ и во „Букурешт“, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Од петок ќе почне вакцинацијата во Тетово, Струга, Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод. Вакциналните пунктови во државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација, должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа во која се спорведува вакцинација против Ковид-19“, стои во соопштението.

Во меѓувреме за масовна вакцинација се подготвува спортската сала Борис Трајковски. Денеска беше наместена инфраструктурата за 28- те пунктови, а се организира и просторот каде ќе се движат граѓаните кои ќе доаѓаат и ќе го чекаат својот ред. Инаку до сега се вакцинирани дел од здравствените работници со 8 000 дози на фајзер вакцините кои ни ги подари Србија, и со 3 000 прва доза на руската спутник, чија втора доза пристигна во неделата исто така наменети за здравството. Во меѓувеме единствена помасовна вакцинација се случи викендов на населението кое се пријави за тоа но во соседна Србија каде отпатуваа повеќе од 10 илјади граѓани од земјава.

Слични содржини