161
Премиерката Ана Брнабиќ утрово соопшти дека очекува Србија да ја добие вакцината од четвртиот производител, британско-шведската компанија АстраЗенека, до крајот на февруари.
Таа на ТВ Пинк рече дека се очекува да пристигнат меѓу 120 и 150 000 дози вакцини од тој производител.
Таа изјави дека ревакцинацијата на оние кои ќе ја примат вакцината АстраЗенека е само по 12 недели.
„Ја чекаме официјалната потврда од АстраЗенека“, рече Брнабиќ.