Вакцината на Ердоган излегува на пролет

од Vladimir Zorba

Вакцината за коронавирус во Турција може да биде подготвена за употреба следната пролет, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Турција, од една страна, внимателно го следи развојот на вакцините во Кина, Русија и САД, а од друга страна прави активни напори за развој на својата вакцина против коронавирус. Нашата вакцина може да биде готова на пролет“, рече Ердоган во обраќањето до нацијата.

Тој додаде дека развиените земји „не го поминале тестот за солидарност за време на пандемијата“, додека Турција обезбедила помош на 155 земји и осум меѓународни организации.

Според последните податоци, во Турција се регистрирани 2.322 случаи на корона во последните 24 часа, што е највисок показател во последните шест месеци.

Слични содржини