Вакцини против ковид за итна употреба: СЗО ѝ се заблагодари на Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека ги проценува податоците што кинеските „Синовац“ и „Синофарм“ ги доставија за нивните вакцини против КОВИД-19 за итна употреба.

Светската здравствена организација ѝ се заблагодари на Кина што достави до СЗО податоци за своите вакцини против коронавирус за итна употреба, изјави највисокиот експерт за СЗО во вторникот.

– Постојат две вакцини направени во Кина, кои се произведени од „Синофарм“, односно „Синовац“, а во моментов се проценуваат од СЗО – изјави Катарина О’Брајан, директорка на Одделот за имунизација, вакцини и биолошки производи на СЗО.

Слични содржини