585
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека вакцинираните лица од земјава можат да патуваат каде сакаат, приложувајќи ги ковид пасошите и сертификатите.
-За патување во ЕУ на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин. Нашиот тим направи специјални напори, па така вакциналниот сертификат е признат во сите европски земји и сите кои што го поседуваат слободно може да патуваат – кажа министерот Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со ставањето на црвената листа на ЕУ.