Вакцинираните против корона ќе добијат специјални налепници: Еве што ќе пишува на нив!

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Пациентите во Велика Британија кои примиле вакцина против коронавирус ќе добијат налепници на кои пишува „Јас сум вакциниран/а против ковид“ за да ги охрабрат другите да го следат примерот.

Според „Дејли Мејл“, налепниците ќе им бидат предадени откако ќе ја примат првата или втората доза на вакцината.

Тие исто така ќе можат да додадат дигитална налепница на фотографиите на нивниот Фејсбук профил и фотографии што ќе ги споделат преку приказните на Инстаграм.

Здравствените власти во Велика Британија веруваат дека поттикнувањето на луѓето да зборуваат за вакцинација ќе помогне во ширењето на пораката за важноста на имунизацијата.

– Ако повеќето луѓе се вакцинирани или имаат намера да се вакцинираат, тоа може да биде објавено и да има стимулативен ефект врз другите. Ако луѓето објават дека ја примиле вакцината, или на социјалните мрежи, во медиумите или во разговори со други, тоа може да придонесе за подигнување на свеста за важноста на вакцинацијата – изјави Светската здравствена организација есенва.