Вакцините на Фајзер и АстраЗенека ефикасни против делта варијантата

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Вакцините против ковид-19 развиени од Pfizer/BioNTech и AstraZeneca, се ефикасни против делта и капа варијантите на коронавирус, кои за првпат беа идентификувани во Индија, покажа новата научна студија.

Студија на научници од Универзитетот во Оксфорд, објавена во списанието „Cell“, ја утврди способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги примиле обете дози на вакцината да ги неутрализираат високоинфективните делта и капа варијантите, се вели во соопштението

Глобално доминантна варијанта

Станува збор за варијантите делта и капа кои за првпат беа идентификувани во Индија.

Но, концентрацијата на неутрализирачки антитела во крвта беше малку помала, што може да доведе до бројни инфекции, предупредуваат научниците.

Минатата недела, анализата на Англиската агенција за јавно здравје (PHE) покажа дека вакцините произведени од Pfizer и AstraZeneca обезбедуваат висока заштита од повеќе од 90 проценти од хоспитализација од делта варијанта на вирусот.

Делта станува глобално доминантна варијанта, рече главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) во петокот.

Слични содржини