Вакцините против Ковид-19 се помалку ефикасни кај луѓе со ослабен имунолошки систем, покажаа три помали италијански студии, а истражувачите велат дека на овие луѓе треба да им се даде бустер доза.
Студијата покажа дека во просек 30 проценти од имунокомпромитирани луѓе не развиваат имунитет кон короната по вакцинацијата, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.
Останатите 70 проценти имаат одговор на вакцината, особено по втората доза, соопштија од болницата Бамбино Гесу од Рим, која ги спроведе студиите.
Студиите беа спроведени на групи од 21 пациент со примарна имунодефициенција, 34 деца и млади луѓе на кои им беше потребна трансплантација на срце и бели дробови, како и на 45 помлади луѓе на кои им беше трансплантиран црн дроб и бубрег.
-Резултатите покажуваат дека е неопходно да се зголеми нивото на заштита на најранливите здравствени луѓе со зголемени дози, додала болницата.
„Резултатите од нашите студии покажуваат дека е од суштинско значење да се заштитат најранливите категории со тоа што ќе им се даде зголемена доза на вакцина, ќе се прилагоди дозата за да се зајакне нивниот имунолошки одговор на вирусот и да се одржи долго време“, вели професорот Паоло Палма , раководител на имунолошкото и вакциналното одделение во болницата Бамбино Гесу.