Човештвото во минатото ги победило сите пандемии благодарение на масовна вакцинација,вели министерто за здравство Венко Филипче
-Во редовниот вакцинален календар даваме повеќе вакцини за деца и возрасни со кои се искоренети низа болести. Тие сите се даваат во редовниот термин и план за вакцинација. Вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по задравјето на граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни во однос на ова. Одложувањето на вакцинацијата против Ковид 19 е само одложување на проблемот. Вакцините се тие со кои ќе ја победиме пандемијата, не прележувањето на вирусот. Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунинтет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани. Тоа ќе значи нов притисок врз здравствениот систем, бидејќи во моментов 90% од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани.Предложените мерки се ефикасни во однос на двете цели кои ги поставивме, брза вакцинација и спречување на ширење на вирусот. Барам поддршка да се избориме заедно за што поголема имунизација, објасни Филипче.