Врховниот совет при турското Министерство за вери издаде фатва со строги ограничувања за односите меѓу свршените парови.
Според назнаката, во периодот пред официјалното склучениот брак треба да ги почитува мерката за приватноста на секоја од страните, дозволена е само размената на подароци.
Однесувањето на младите во никој случај не треба да вклучува флерт, интимни односи, гушкање, држење за раце и сето она што е во спротивност со исламот и би дало повод за муабети, се наведува во документот објавен на интернет платформата на органот, цитиран од “Џумхуријет”.
Освен тоа верската брачна церемонија треба да стане задолжително, бидејќи често во отсуство на формална регистрација жените стануваат жртва на непочитувањето на договорот.
Ципрас и неговата вратоврска или кризата како начин на живеење
Се обврзуваат на родителите да не им дозволат прекумерна близина на паровите пред тоа, да внимаваат за верската поврзаност и почитувањето на каноните на исламското право, особено во делот за обврските на сопругот, кои се однесуваат пари, имот и алиментација кои тој е должен да ги обезбеди жена си.
Според високиот орган овие права денес не се почитуваат при младите семејства, како и обврската за верска брачна церемонија пред граѓанскиот брак.
