Со години, Папу Гомеш беше симбол на Аталанта, тим што ги освои срцата на фудбалските фанови ширум Европа.
Аргентинецот го напушти Бергамо во јануари, по конфликт со тренерот Џанпјеро Гасперини и отиде во Севиља – разделбата не беше пријатна, капитенот го напушти клубот кога не се очекуваше …
Повеќе од половина година подоцна, тој откри дека односите биле толку лоши што имало речиси физички конфликт помеѓу него и Гасперини.
„Гасперини се обиде да ме нападне физички, бидејќи му се спротиставив поради тактиката. Тоа се случи на полувремето од натпреварот со Митјиланд во Лигата на шампионите. Тогаш реков дека е доволно“, изјави Гомеш за аргентински „La Nacion“.
Неговата приказна беше демантирана од Гасперини.
„Однесувањето на Гомеш на и надвор од теренот стана неприфатливо за мене и другите играчи. Јас не го нападнав физички, туку тој ме нападна мене, но тоаа што го напушти клубот е големо непочитување кон клубот и сопствениците“, рече Гасперини.