Засилувањето на Барселона, вредно над 100 милиони евра, Усман Дембеле одигра разочарувачки 62. минути во синоќешното финале за Суперкупот на Каталонија против Еспањол. „Лос Кулес“ победи со 4:2 по пенали после 0:0 во редовното време.
Француското крило играше сосема изолирано и во никој случај не покажа дека чини толку пари.
Менаџерот на Барса, Ернесто Валверде го одбрани својот фудбалер.
„Ние сме среќни со Дембеле и тој допрва ќе ни помогне“, изјави тренерот по средбата во Леида.
„Игра добро. Тој се обидуваше да влезе во играта и да се истакне со индивидуални пробиви. Малку по малку, ќе влезе ритам“, рече специјалистот.
Денис Суарез се повреди на средбата со Еспањол, но според Валверде повредата не би требало да е сериозна.
Тренерот, исто така, доби прашање за Лигата на шампионите и беше запрашан дали Реал Мадрид е големиот ривал на Барселона. „Не. Нашиот противник е Челзи. Се уште не се квалификувавме“, рече Валверде.