Валверде го спореди „Ел Класико“ со обично гостување

од Aleksandar Petrovski

Менторот на Барселона, Ернесто Валверде, даде прес-конференција пред утрешниот судир на Каталонците против Реал Сосиедад. 55-годишниот стратег планира прво да се фокусира на утрешната средба, бидејќи смета дека посетите на тимот во Баскија се исто толку тешки како и натпреварите против вечниот ривал Реал Мадрид.

– Ова е секогаш една од најтешките посети за тимот. Последните два пати ги добивме нашите натпревари таму, но пред тоа ги губевме неколку години. Додавајќи ја на тоа моменталната состојба на Реал Сосиедад, која практикува добар фудбал со големи играчи, а го имаме во предвид нашиот последен судир на „Камп Ноу“, тоа ќе биде тежок натпревар. Ова е тим кој очигледно има план. Ќе размислиме за „Ел Класико“ од недела натаму. Прво е утрешниот натпревар. Не сакам да се фокусирам на она што треба да дојде утре. Трите бода против Реал Сосиедад имаат иста вредност како и оние против Реал Мадрид“, изјави Валверде.

Дуелот меѓу Реал Сосиедад и Барселона е утре од 16 часот. Каталонците се лидери во рангот со 34 бода, додека Баскијците се на 4-та позиција со 27 бода.

Слични содржини