Валверде: Не знам што уште да направиме за да се полни трибините

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Малкуте фанови на „Камп Ноу“ беа една од најкоментираните теми по победата на Барселона над Валенсија (1:0) во првото полуфинале на Кралскиот Куп. Според официјалните податоци, на трибините беа присутни 50.959 гледачи, што е само 51% од капацитетот на стадионот. Тренерот на Барса, Ернесто Валверде истакна некои од причините за слабата посетеност и изјави дека таа сигурно не се должи на играта на тимот.

„Не знам што повеќе можеме да сториме за да навивачите да доаѓаат на натпреварите. Заситениот распоред не помага, зима е, луѓето одат на работа … Во секој случај, ние како тим се обидуваме да го дадеме максимумот од себе, за да ги израдуваме приврзаниците“, изјави Валверде.

„Што се однесува до самиот натпревар, доминиравме цело време, но противникот имаше свој план и се држеше цврсто до него. Валенсија се бранеше подобро од било кој друг тим против нас оваа сезона. Резултатот не е воопшто лош, бидејќи победивме и во исто време не дозволивме гол. Претстои сепак и реванш, па уште ништо не е јасно“, сумираше тренерот на каталонците.

Слични содржини