294
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде има разбирање за двете најскапи аквизицции во историјата на клубот – Осман Дембеле и Филип Котињо.
Специјалистот е подготвен да им даде на Французинот и Бразилецот време за нивно аклиматизирање, но во исто време се надева дека ќе имаат важна улога во завршниот дел од сезоната кога ќе се игра за големите трофеи.
„Добри играчи ги докажуваат своите квалитети на теренот. Ние сме во одлучувачкиот дел од кампањата и ако направиме чекор напред, ќе бидеме многу задоволни. Околностите се како што се. Ние сакаме тие да ни помогнат, бидејќи тие се потребни на тимот. Ние би сакале да продолжиме на ист начин“, рече Валверде.