Валверде за Меси: Подобро е луѓето да не ја знаат вистината

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Ернесто Валверде вчера искрено зборуваше за Барселона и Лионел Меси, кои ги водеше како тренер на каталонскиот клуб од 2017 до 2020 година.

Меси летово ја напушти Барселона, по 21 година и потпиша за ПСЖ. Аргентинецот целата своја кариера ја мина во Барса, а за каталонскиот клуб одигра 778 натпревари и постигна 672 голови, и забележа 305 асистенции. Откако пушти некоја солза, тој брзо ја прифати големата плата што му ја даде ПСЖ и тргна во нова авантура.

Иако официјално ја напушти Барселона бидејќи не можеше да остане во клубот поради финансиски пречки, шпанските медиуми во последните неколку недели пишуваа за лошата атмосфера во соблекувалната на Барса, што наводно била уште една причина за заминувањето на Меси.

Дел од медиумите го обвинија токму него дека ја нарушил атмосферата. Оние што мислат дека Меси бил голем проблем за Барса и дека тој навистина не е толку добра личност како што е прикажан, добија потврда за нивните сомневања. Ернесто Валверде, кој ја водеше Барселона од 2017 до 2020 година, зборуваше за Барселона и Меси во една емисија. Валверде не размислуваше многу кога дојде поканата да го води каталонскиот гигант.

„Не се двоумев ниту секунда кога стигна повикот. Знаев дека тоа е добра можност што не требаше да ја пропуштам. Зошто заминав? Се разидовме, тоа е тоа“, кратко изјави Валверде, а потоа даде значаен одговор на прашањето како е да го водиш Меси и зошто Аргентинецот би сакал да го напушти клубот каде што беше цела кариера.

„Не можам да кажам што се случи. Тоа е мистерија. Но, луѓето подобро да не знаат какви сме. Подобро да не ја знаат вистината“, рече Валверде.

Слични содржини