Ентони не вреди 100 милиони евра, изјави поранешниот напаѓач на Ајакс и поранешен репрезентативец на Холандија, Марко ван Бастен. Во вторникот Манчестер Јунајтед се договори со Ајакс за трансфер на 22-годишниот бразилски интернационалец. Напаѓачот ќе ги чини „црвените ѓаволи“ 95 милиони евра, а останатите пет милиони ќе бидат во форма на бонуси.
„Цената на Ентони не е блиску до 100 милиони евра. Досега не покажа ништо посебно. Да, имаше неколку добри партии, но во последните две сезони не беше толку ефикасен. Многу често ја губи топката и греши. Напаѓачот може да ја загуби топката, но сè има некакви граници“, изјави Ван Бастен за шпанскиот спортски весник „АС“.
Ентони постигна 2 гола и даде 2 асистенции во 3 натпревари за Ајакс во сите натпреварувања оваа сезона. Напаѓачот има договор со Јунајтед до летото 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона.