Атлетико Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Арон Ван-Бисака. 24-годишниот Англичанец го загуби стартното место оваа сезона на сметка на Диого Далот и се почесто се шпекулира дека ќе биде ослободен на лето. „Јорганџиите“ планираат да ја искористат ситуацијата и да го земат во своите редови, пишува „Тодо Фишајес“.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг веќе посочи дека нема да се потпира на Ван-Бисака. Тој изнел неколку имиња на раководството на клубот, барајќи едно од нив да биде ангажирано за да го засили десното крило на одбраната на местото на членот на англиската репрезентација.
Во исто време, Диего Симеоне веќе бара замена за Шиме Вршаљко, кој ќе го напушти „Ванда Метрополитано“ на лето кога ќе му истече договорот. Тој е фокусиран на Ван-Бисака, а директорот на Атлетико, Андреа Берта веќе имаше првичен разговор со шефовите на Манчестер Јунајтед за можноста за таков трансфер и доби позитивен одговор.
Атлетико Мадрид, сепак, може да се соочи со конкуренција за потписот на Ван-Бисака. Се зборува дека за него е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Кристал Палас, како и Жозе Мурињо во Рома.
Дефанзивецот има договор со Јунајтед до 2024 година, а неговата пазарна цена моментално е околу 30 милиони евра.