Ван Дајк гушкаше играч на Интер по голот на Салах!

од Vladimir Zorba
412 прегледи

Фудбалерите на Ливерпул го победија Интер со 0:2 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Иако Интер имаше иницијатива на теренот во првата половина од вториот дел и голот на „нероазурите“ малтене виеше во воздух, се случи инјекција на искуство од страна на Ливерпул, кој дојде до триумф со два гола во последните 20 минути од мечот.

Првиот гол беше дело на Роберт Фирмино, кој од тешка позиција со глава го совлада Хандановиќ, но вториот гол донесе смиреност во Ливерпул. Тоа беше мајсторија на Салах, со, мора да се признае, многу среќа бидејќи топката помина низ нозете на двајца играчи на Интер пред да ја затресе мрежата.

Се играше 84. минута кога Египјанецот го постигна осмиот гол во Лигата на шампионите оваа сезона, а тоа беше проследено со интересни детали. Имено, Вирџил ван Дајк во тој момент го прегрнал својот сонародник и соиграч од репрезентацијата Дензел Дамфрис. Не би било чудно доколку Дамфрис, се разбира, не е играч на Интер.

Неволната реакција на Холанѓанецот предизвика позитивни и духовити реакции во јавноста. Се случува, би рекле …

Слични содржини