Ван Дaјк: И без Мбапе, Французите можат да бидат многу опасни во нападот

од Vladimir Zorba
2,1K прегледи

Главниот дефанзивец на Холандија, Вирџил Ван Дaјк, изјави дека знае како да го запре нападот на Франција предводен од Килијан Мбапе, кој најверојатно ќе го пропушти овој натпревар со скршен нос.

„Мораме да бидеме функционални како тим за да ја спречиме Франција да постигне гол. Килијан е играч од светска класа кој може да ги промени работите, но и без него Французите се многу опасни во нападот“, рече Ван Дaјк.

„Но, имаме добра одбрана и се радувам на натпреварот. Мораме да се погрижиме да бидеме целосно подготвени за овој натпревар“, додаде дефанзивецот.

Слични содржини