Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк и група од уште неколку играчи од Мерсисајд се сретнаа со поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.
Причината е контроверзната идеја на ФИФА да има светски првенства на секои две години.
Французинот е еден од големите бранители на овој план, кој централата сака да го воведе по 2024 година.
Делегацијата на Ливерпул, предводена од Ван Дајк, му порача на Венгер дека ја смета оваа идеја за грешка.
„Не треба да се жалиме, но натпреварите се натрупуваат. Секој играч сака да игра, но мора да се донесат правилни одлуки и да се размислува за здравјето и безбедноста на играчите. Во Англија зборуваме за ова со Здружението на професионални фудбалери. Со недели бев конкретно баран да се сретнам со г-дин Венгер и разговаравме за идејата за Светско првенство на секои две години со другите играчи од нашиот тим. Ценам дека овие прашања се разгледуваат со нас. Ако ние, играчите од првиот тим на Ливерпул и другите големи клубови во Англија го дадеме своето мислење, тогаш мислам дека ќе е време тие да почнат да не слушаат“, прокоментира Ван Дајк.