Познат е фактот дека летово ќе има тектонски промени во Ливерпул. Си оди Јирген Клоп, најверојатно со него и Мохамед Салах, а сигурна позиција во клубот немаат ниту останатите играчи.
Капитенот на „црвените“ Вирџил ван Дaјк исто така нема решен статус кога е во прашање останувањето на „Енфилд“. Стоперот на Ливерпул вели дека се уште нема вести за потенцијален нов договор.
„Нема вести за новиот договор, клубот моментално е зафатен. Многу сум среќен овде, го сакам клубот и сите можат да го видат тоа“, изјави ван Дајк.
Како што е веќе познато, на лето тимот на Ливерпул ќе добие сосема нов идентитет, за ова е свесен и капитенот на „црвените“:
Ќе има голема транзиција во клубот и јас ќе бидам дел од неа“, заклучи холандскиот репрезентативец.
Ван Дајк за Ливерпул одигра 268 натпревари и постигна 23 гола.