406
Луис Ван Гал наскоро треба да стане нов селектор на холандската репрезентација. Тој ќе го наследи Франк де Бур, кој беше елиминиран во осминафиналето на Европското првенство од Чешка.
Откако преземањето на Ван Гал стана тема, „Мирор Фудбал“ објави статија во која пишува за бунтот на холандските фудбалери.
Авторот Сајмон Мулок напиша дека бунтот го води капитенот на националниот тим Вирџил ван Дајк, кој се опоравува од тешката повреда на лигаментите од октомври минатата година.
Ван Дајк реагираше луто на Твитер.
„Оваа приказна е целосно лажна. Срам да ви е, господине Мулок“, напиша дефанзивецот на Ливерпул.