Ван Дајк не оди на Европско првенство

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека е практично невозможно Вирџил Ван Дајк да настапи на претстојното Европско првенство!

Иако холандскиот тренер Франк де Бур се надева дека може да го има најдобриот стопер на светот на лето, Клоп пред натпреварот на „црвените“ против Вулверхемптон во понеделник изјави дека нема да го гледаме дефанзивецот на континенталното натпреварување.

– Вирџил повторно започна да трча, но сè ќе биде многу тешко. Не е моја одлука, но врз основа на информациите што ги имам, ќе биде тешко да се игра на ЕП. Се надевам дека тој ќе ни се придружи во подготовките за следната сезона, на тоа можам да се надевам – изјави Клоп.

Да потсетиме, капитенот на холандската репрезентација се опоравува од операцијата на лигаментите, а повредата ја заработи уште во октомври – по дуелот со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.

Инаку, Клоп додаде дека постои страв дека Џо Гомез дека ќе го пропушти ЕШ, што се одржува од 11 јуни до 11 јули, а на кое Англија е во групата со Хрватска, Шкотска и Чешка.

Слични содржини