Ван Дајк: Не размислуваме за квадрупул, и против Виљареал бевме на раб на елиминација

од Vladimir Zorba
408 прегледи

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк беше воодушевен од победата од 3-2 во реваншот со Виљареал во полуфиналето на Лигата на шампионите и пласманот на неговиот тим за финалето. Холанѓанецот смета дека вака неговиот тим покажал колку сака да игра во финалето.

„Требаше многу работа. Првото полувреме треба што побрзо да го заборавиме. Не можевме да ја контролираме топката. Раниот гол не ни помогна, но беше многу корисен за противникот. Затоа моравме да се стегнеме и да покажеме зрелост. Во второто полувреме игравме неверојатно. Ја освојувавме топката што е можно побрзо и му стана тешко на противникот да се справи со нашата брзина. Ја заслуживме победата со оглед на нашиот настап во вториот дел. На полувремето тренерот ни рече да ја покажеме нашата игра, која ја покажуваме цела сезона. Да ја освојуваме топката, да се движиме повеќе. Со вистинска брзина успеавме да ја миксираме нашата игра. Покажавме колку сакаме да бидеме во финалето“, изјави Ван Дајк.

Тој го коментираше и вклучувањето на Луис Дијаз на полувремето, кое радикално ја промени играта на тимот од Мерсисајдс: „Не е важно кој е против него, тој секогаш сака да оди напред. Ако ја загуби топката, тој ја зема назад и повторно се обидува.Тоа го прави тежок за чување“.

„Мораме да уживаме во овие моменти. Имавме тежок натпревар со Њукасл, каде што навивачите цело време ги поддржуваа. Денес сценариото беше сосема поинакво. За Виљареал тоа беше најголемиот натпревар во нивната историја и беше нормално да дадат повеќе од 100%“, продолжи Холанѓанецот.

За крај го коментираше другото полуфинале помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити и потенцијалниот ривал во финалето.

„Немам преференции. Кој и да е нашиот противник, ќе биде кошмар да играме против него. Го познаваме Сити многу добро, но тие исто така добро не знаат. Знаеме колку се интензивни овие натпревари. Реал Мадрид е Реал Мадрид. Тие имаат напаѓач кој е во неверојатна форма во моментов. Ќе видиме што ќе се случи. Не размислуваме за квадрупулот (4 титули во една сезона). Нема смисла. Можеме да сонуваме, но мораме да бидеме реални. Дури и вечерва бевме на работ на елиминација. Ова е фудбал, малите работи прават разлика“, заклучи дефанзивецот.

Слични содржини