Ван Дaјк останува во Ливерпул, го продолжи договорот на уште две години

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дaјк денеска потпиша нов договор со Ливерпул, со што „црвените“ решија голема работа по обновувањето на договорот на Мохамед Салах.

Својата верност кон „црвените“ ја продолжи на дополнителни две години, што го направи исклучително среќен и горд.

„Многу сум среќен и горд. Многу емоции ми поминуваат низ главата кога зборувам за Ливерпул. Неверојатно е чувството да го продолжам договорот со клубот на уште две години. Многу сум среќен. Секогаш беше само Ливерпул во мојата глава и немаше друг клуб освен него“, изјави Ван Дијк.

Ван Дајк пристигна во Ливерпул зимата 2018 година од Саутемптон и многу брзо се наметна како еден од најдобрите дефанзивни играчи во Европа.

За Ливерпул одигра 314 натпревари и постигна 27 голови. Ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Суперкупот на Европа, ФА Купот и два Лига купа.

На индивидуално ниво, тој беше избран за играч на годината во Англија во 2019 година и четири пати беше избран во идеалниот тим на англиската Премиер лига.

33-годишниот дефанзивец, исто така, заврши втор во гласањето за Златна топка во 2019 година зад Лео Меси.

Слични содржини