Ван Дајк потврди дека нема да игра на Европско

од Stefanija Kuzmanovska
401 прегледи

Стоперот на Ливерпул и капитен на холандската репрезентација, Вирџил Ван Дајк потврди дека нема да игра на претстојното Европско првенство.

Ван Дајк е надвор од терените од октомври минатата година, кога претрпе тешка повреда на лигаментите на коленото во дуелот со Евертон.

– Мислам дека вистинската одлука е да не отидам на Европското и да ја започнам мојата последна фаза на рехабилитација. Значи, целиот фокус ќе биде насочен на претсезоната со Ливерпул и тоа е реална цел – изјави Ван Дајк.

Ова несомнено ќе биде голем хендикеп за Холанѓаните, кои се во групата Ц заедно со селекциите на Украина, Австрија и Северна Македонија.

Слични содржини