Ван Дaјк во Пари Сен Жермен? Стигна одговорот на видеото кое ја разбранува Европа

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Видеото на кое се гледа како разговараат претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи и дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, предизвика шпекулации за трансфер. Сега одговорот дојде од Париз…

Клубот од „Паркот на принцовите“ демантираше дека преговара со капитенот на Ливерпул. Гласините се појавија по натпреварот на „Енфилд“ меѓу двата тима, во кој Ливерпул беше елиминиран од Лигата на шампионите.

По натпреварот, холандскиот интернационалец беше виден како разговара со Ал-Хелаифи и спортскиот директор Луис Кампос.

„Не разбирам зошто ова видео предизвика толку многу контроверзии на социјалните мрежи. Разговорот помеѓу Ван Дајк, претседателот на клубот и спортскиот директор беше сосема природен и спонтан. Нашиот претседател не водел никакви преговори за доведување играчи и се што се зборува за тоа е лажно. Дискусијата беше пријателска и претседателот на клубот има голема почит кон Ван Дајк“, изјави портпаролот на ПСЖ, Паскал Ферет.

Договорот на Ван Дајк со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, двете страни се уште преговараат за можно продолжување, но се уште нема договор. Холанѓанецот уверува дека е целосно фокусиран на преостанатите натпревари на тимот до крајот на сезоната.

Слични содржини