Грешките во одбраната на Ливерпул во натпреварот со Вест Бромвич не се причина за загриженост, изјави дефанзивецот на „црвените“, Вирџил Ван Дајк. Двата тима одиграа нерешено 2:2 во саботата, а 18-кратниот шампион во Англија веќе се подготвува за полуфиналето на Лигата на шампионите против италијанска Рома.
„Не сум загрижен. Нема причина за стрес и паника Тие се бореа за своите животи и беа многу директни. Ние не се справивме со тоа како што требаше. Ние треба да се вратиме и да се фокусираме на натпреварот со Рома. Ние сме должни да ги направиме работите така, како што ги правевме досега. Сè ќе биде добро, имаме одлична можност да оствариме добар резултат“, изјави холандскиот репрезентативец за медиумите во Англија.
Во вторникот, Ливерпул ја пречекува Рома на „Енфилд“ во првиот полуфинален натпревар од најсилниот клубски турнир во светот.